За нас

Ми Комерц Кавадарци

Ми – Комерц е фамилијарна фирма, чии почетоци датираат од далечната 1989год., најпрво со трговија, па по неколку годишно постоење и со производство на алуминиумска браварија. Поради тоа што барањата на клиентите ни се на прво место ја проширивме нашата дејност и со прозводство на најпрво испитана, по сите стандарди ПВЦ браварија, а и со производство на сите видови стакло.

Со долгогодишното искуство се здобивме со круг на пријатели – соработници како Настел Скопје, Јоки – Скопје, ИГМ ТРЕЈД – Кавадарци, Дрексл Мајер – Кавадарци, Фени индустри – Кавадарци, Виа Вевчани – Вевчани, Рајана Инженеринг, Глиц, Алкалоид А.Д. Скопје…

Се здруживме и со Хабитат-здружение за хумано домување преку кое изработивме многу станбени згради се со цел за олеснување на клиентите при плаќање на рати до 36 месеци а при тоа заштеда на електрична енергија,затоа што со задоволсвото на клиентите добиваме и поголен стимул за работа.

Наши услуги

МИ-КОМЕРЦ КАВАДАРЦИ - Алуминиумска и ПВЦ браварија

Алуминиумски прозори и врати

со термо мост во сакани бои и дезени и сите модели на SUPREME

ПВЦ прозори и врати

raufipro материјал - GENEO со трослојно стакло

Rehau SINEGО

со три гуми за дихтување со твојно и тројно стакло

Rehau

со пет комори со два дихтунзи и стакло по желба

ISO сертификати и стандарди

тест сертификат на наш производ испитан во лабораторија 

сертификат на стручно лице 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ОКОЛИНА за МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. КАВАДАРЦИ
Нашата цел

Главната цел на раководството и сите вработени е давање на квалитетен производ и услуга на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со стандардите пропишани во производството на ПВЦ и алуминиумска столарија и градежништвото.

Задоволство на клиентите

Континуирано следиме степенот на задоволство на клиетите и ги проучуваме и исполнуваме нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.

Долготрајна и квалитетна соработка

Се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со своите добавувачи и подизведувачи, со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.

Висококвалификуван и мотивиран персонал

Се стремиме да одржуваме тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент.

Континуиранa обука и едукација

Се грижиме за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет и околина.

Систем за управување со квалитет

Го поддржуваме Системот за управување со квалитет и околина во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015и ISO 14001:2015.

Унапредување на квалитетот

Се обврзуваме на идентификација на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.

Елиминирање на сите ризици

Се стремиме кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.

Создавање и одржување

Применуваме процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и околина и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.

Гаранција

Им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.

Високо квалитетна алуминиумска и ПВЦ браварија уште од 1990

Години искуство

Вработени

Задоволни клиенти

Контактирајте не!

Слободно пишете ни прашање, ние со задоволство ќе ви одговориме.

Ми Комерц 2000

Ул. Западен булевар бр. 11
Кавадарци, Македонија

+389 75 410 998

+389 71 310 555

+389 75 324 701

mi_comerc@yahoo.com

info@mikomerc.com.mk