Templates by BIGtheme NET

За нас ВАШАТА НАСМЕВКА ЗА НАС ЗНАЧИ УСПЕХ

Ми - Комерц  е фамилијарна фирма, чии почетоци датираат од далечната 1989год., најпрво со трговија,  па по неколку годишно постоење и со производство на алуминиумска браварија. Поради тоа што барањата на клиентите ни се на прво место ја проширивме нашата дејност и со прозводство на најпрво испитана, по сите стандарди ПВЦ браварија, а и со производство на сите видови стакло.
Со долгогодишното искуство се здобивме со круг на пријатели - соработници како Адора Инженеринг - Скопје, Мак Бис - Скопје, Настел Скопје, Јоки - Скопје, Ибо Под Прилеп, ИГМ ТРЕЈТ - Кавадарци, Дрексл Мајер - Кавадарци, Фени индустри - Кавадарци, Виа Вевчани - Вевчани...
Се здруживме и со Хабитат-здружение за хумано домување преку кое изработивме многу станбени згради се со цел за олеснување на клиентите при плаќање на рати до 36 месеци а при тоа заштеда на електрична енергија,затоа што со задоволсвото на клиентите добиваме и поголен стимул за работа.

Нашето мото е ВАШАТА НАСМЕВКА ЗА НАС ЗНАЧИ УСПЕХ.

 

Наши изработени објекти:

 

objekt2   objekt3   objekt6   objekt1 objekt4 objekt5 objekt8

 

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ОКОЛИНА за МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. КАВАДАРЦИ

МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. изјавува дека главната цел на раководството и сите вработени е давање на квалитетен производ и услуга на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со стандардите пропишани во производството на ПВЦ и алуминиумска столарија и градежништвото.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува  и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите добавувачи  и подизведувачи, со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет и околина.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. ќе го поддржува Системот за управување со квалитет и оклина во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015и ISO 14001:2015.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. се  обврзува на идентификација на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и околина и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.
МИ КОМЕРЦ Д.О.О.Е.Л. се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива, заштита на работната и на животната средина, селекција и намалување на количината на отпад и како и чување на ресурсите и инвестиците.

Во Кавадарци 10.01.2017 год.    

Управител Г-дин Златко Митрев